Платите на селекторите во последниве години се приближуваат до износите што ги заработуваат најголемите имиња во клупскиот фудбал, а германскиот весник Bild објави листа на десетте најплатени селектори во светот. Карло Анчелоти е на врвот, додека новиот селектор на Франција, Зинедин Зидан, е дури на седмото место.