Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, 36-годишниот М.В. од Скопје пријавил дека околу 14:00 часот на подрачјето на Гази Баба, тој и неговата сопруга биле физички нападнати од две лица. Како што се наведува во полицискиот билтен, исто така едното лице влегло во нивното патничко возило и му упатувалo закани на пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.