Вчера во 16:42 часот на улицата „Јакимовски Пат“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.М.(28) од Зрновци. Како што се наведува во полицискиот билтен, при сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со штипски регистерски ознаки, кое тој го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило.