Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавија утро кое ќе биде ведро и студено, додека во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло и ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 6 степени, а максималните ќе се движат од 19 до 26 степени Целзиусови.