Новата работна недела би можела да донесе пониски цени на бензинот и дизелот, според очекувањата на премиерот Христијан Мицкоски, кој се повика на движењата на цените на светските берзи во изминатата недела. Конечната одлука, сепак, ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика.