Кобилата која се ождребила на улица во скопски Карпош и нејзиното ждребе се згрижени и сместени во карантин во скопската Зоолошка градина, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Утрово нѐ затекна веста за кобила која се ождреби на улица во Скопје. Раѓањето нов живот треба да биде убава вест. Но, кога тоа се случува на асфалт, во несоодветни услови и …