Заклучно со септември годинава, во земјава се регистрирани 165 шумски пожари кои зафатиле околу десетина илјади хектари разновидна шума. Иако бројот е сличен како лани, штетите се значително помали. Според првичните проценки на ,,Македонски шуми“ тие изнесуваат околу 10 милиони евра, што е петпати помалку од минатата година.