Постојаните осцилации на нивото на водата во Охридското Езеро негативно влијаат врз живиот свет, крајбрежниот екосистем и инфраструктурата. Ваквите појави сè почесто се резултат на глобалните климатски промени нестабилните врнежи, сушните периоди, но и на неконтролираното управување со водите од страна на човекот. Екологистите бараат да се ревидира билатералниот договор со Албанија за користење на езерските води за производство на електрична енергија, бидејќи на овој начин му се нанесуваат огромни штети на езерото кое е под заштита на УНЕСКО.