Внимателност при кратењето на капиталните трошоци, алармираат експертите пред најавениот, втор ребаланс на буџетот. Реализацијата и до сега е најниска во регионот, така што сугерираат да се земе од незапочнатите проекти и од непродуктивните расходи. Според нивните, владините мерки од намалените акцизи и ДДВ на горивата го чинат буџетот над 120 милиони евра, пари кои ќе мора од некаде да се обезбедат.