Кошаркарските екипи на Гостивар и Шар Планина одиграа меморијален натпревар во чест на Ѓорѓи Божиноски – Ѓоке, човек кој остави длабока трага во КК Гостивар и во спортскиот живот на градот. Натпреварот се одржа во спортската сала „Младост“ во Гостивар, во спортски дух и со порака за заедништво, почит и зачувување на споменот на Божиноски. […]