Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе присуствува на свеченото доделување на признанието „Просветен работник“ за најдобрите просветни работници од предучилишното, основното и средното образование за учебната 2025/2026 година. Настанот ќе се одржи во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, во организација на Сојузот на просветни работници, по повод 5 Октомври