Националниот археолошки музеј вечерва ќе биде домаќин на настанот „Приказна што се носи“, преку кој ќе бидат претставени уникатни ташни, ранци и несесери изработени од стари музејски банери. Настанот има за цел да ги поврзе одржливоста, креативноста, инклузијата и модата, прикажувајќи како материјали што ја завршиле својата првична намена можат да добијат нов живот преку […]