На 3 октомври, околу 13 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 58-годишниот Б.Ц. од Скопје. Според пријавеното, околу 12 часот, во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, тој физички ја нападнал својата 29-годишна ќерка. По целосното документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе следува соодветна пријава.