Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, посочи дека приоритет во изминатиот период бил создавање професионална, подобро организирана и поефикасна институција, присутна на терен и подготвена да реагира кога се прекршува законот. „Резултатите се мерливи. Во 2025 година се извршени 1.702 инспекциски надзори, донесени 530 решенија, иницирани казни во вредност од 1,46 милиони евра, како и 7 кривични …