Македонската теквондистка и олимпијка Милијана Мила Рељиќ стигна до бронзениот медал на Г-1 Опен турнирот „Албанија“, кој се одржува во Тирана. Рељиќ на стартот беше слободна, а во следната борба со 2:1 во рунди ја совлада Леонарда Андриќ од Канада. Потоа следеше уште еден неизвесен дуел за македонската претставничка, овојпат против Шпанката Елена Лена Торес. […]