До четврток во земјава ќе се задржи сончево и релативно топло време, а од петок се очекува промена на временските услови. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи и во текот на викендот времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни, особено во западните делови од земјава. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.