Со егото на Роналдо тешко е да се справи човек, затоа и не може да истрпи да биде резерва и на тоа на 41 година. Во Јуве имаше дадено само еден гол од слободен удар и тоа од скоро 100 обиди. Еднаш тренерот нашол чаре како да го тргне од топката.
Миралем Пјаниќ откри еден извонреден трик што Макс Алегри го направил во Јувентус за да го спречи Кристијано Роналдо да изведе одлучувачки слободен удар. „Тоа беше единствениот начин на кој можев да ја добијам топката!“, рече Босанецот.