Големо археолошко откритие на археолошкиот локалитет Расница кај струшко Корошишта. Археолозите открија втор богат архајски гроб од шестиот век пред нашата ера, со целосна воена опрема, бронзени садови, сребрена игла, килибарни наоди, стаклена перла и златни предмети. Посебно внимание предизвикува златната фолија пронајдена покрај шлемот. Археолозите претпоставуваат дека можеби служела за покривање на лицето на […]