Технологијата може брзо да ги даде сите одговори, но, само наставникот знае како да постави вистинско прашање. Во ера на дигитализација и вештачка интелегенција, училишната приказна и понатаму ја пишуваат луѓето. По повод 5 Октомври, Светскиот ден на учителите, надлежните со порака: вложувањето во наставничкиот кадар е клучен фактор за успех на учениците.