Минималната пензија во Македонија за една деценија е зголемена од 7.783 на околу 21.515 денари покажува анализата на „Пари МК“. Во септември 2016, просечната пензија изнесувала 13.106 денари, додека сега достигнува 28.891 денар. Според анализата минималната пензија за 10 години е зголемена за 176.4%, просечната за 120,4%, а максималната за 153,1%.