Реформана на пензискиот систем веднаш или дефицитот во ПИОМ ќе достигне 1,3 милиајрди евра за десетина години. Сегашниот модел, каде секоја година се префрлаат огромни средства од буџетот кон фондот, не е одржлив. За стабилизирање, Фискалниот совет, во соработка со Фајнанс Тинк предложија неколку сценарија. Најдобри резултати би се постигнале со комбинираниот модел, каде пензиите ќе се индексираат, односно зголемуваат само со 50% од инфлацијата, постепено зголемување на придонесот, намалување на неформалната вработеноност и продолжуавње со работа и по пензионирањето.