МАКФУДБАЛ во Луцерн, Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар против Швајцарија во Лигата на нации. Теренот на “Термоплан Арена” е во лоша состојба, па затоа и двете селекции тренираа на помошниот терен. Секој нов натпревар е нова можност за докажување, а посебно доколку противникот е најквалитетната селекција во групата.