Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Белград учествуваше на вториот состанок на министрите за енергетика на Македонија, Србија, Грција и Бугарија, чиј домаќин беше Република Србија. Во фокусот на состанокот беа регионалната енергетска соработка и зајакнувањето на енергетската сигурност во Југоисточна и Централна Европа, со акцент на диверзификацијата на изворите и правците на снабдување, регионалното …