Брисел се откажува од идејата за „обратно членство“ и предлага кандидатите постепено да добиваат пристап до политиките на ЕУ уште пред формалниот прием. Истовремено, за новите членки се разгледуваат механизми против назадување што би можеле да важат 10, па дури и 15 години по влезот во Унијата.