„Подготовка за поширока ЕУ“ – Кос ги претстави петте измени во начинот на одлучување


Пулс live
  • 3.921вести денес
  • 157извори
  • 427активни теми
  • 120вести во последните 60 мин.
„Подготовка за поширока ЕУ“ – Кос ги претстави петте измени во начинот на одлучување
Сител • 50 минути

„Подготовка за поширока ЕУ“ – Кос ги претстави петте измени во начинот на одлучување

Подготовка за поширока Европска Унија – ова е документот кој, доколку добие поддршка, ќе го реформира проширувањето на ЕУ. Еврокомесарката за проширување ги претстави петте измени во начинот на кој во ЕУ се одлучува за преговорите и приемот на нови земји-членки. Две точки се најважни за нас. Кос најави укинување на ветото во процесот на преговорите и оддалечување од одлучувањето на Унијата со конзесус. Ветото останува, но земјите-членки ќе можат да го искористат на крајот од преговорите, а не за време на пристапниот процес.