По новиот пораз од Швајцарија во Лигата на нации, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, излезе пред медиумите со порака дека нема намера да се повлече и покрај серијата негативни резултати и загрижувачката офанзивна стерилност. Македонскиот стратег истакна дека репрезентацијата имала тактички квалитетен почеток во Луцерн, но дека поединечните грешки ги решиле сите дилеми […]