Престижната награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“ му се доделува на актерот Александар Степанулески за улогата на Луков во претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски, во изведба на Прилепскиот народен театар. Одлуката е донесена едногласно од жири-комисијата на 34. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ – Струмица