Делегација предводена од заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, престојува во неколкудневна работна посета на Словенија. Во рамките на посетата се предвидени средби со високи претставници на повеќе словенечки институции. Разговорите ќе бидат посветени на законската рамка, институционалните практики и примената на правото на Европската Унија во областите на трудот, миграцијата и трудовата мобилност. […]