Новата учебна година носи возбуда, радост и насмевки посебно на лицата на најмладите, но истовремено бара и огромна одговорност од сите учесници во сообраќајот. Децата се повторно на улиците, пред школските дворови и на пешачките премини. Нивната секојдневна безбедност на патот до училиштето во најголема мера зависи од вниманието и претпазливоста на секој возач.