Повлекувањето на програмата за сеопфатно сексуално образование не е доволно ако не бидат преиспитани и сите акти, обуки, испити, прирачници и материјали поврзани со нејзиното спроведување, смета „Родителски фронт“. Од оваа иницијатива бараат Министерството за образование јавно да објасни што конкретно значи повлекувањето на програмата и дали ќе следи целосна ревизија на нејзината досегашна имплементација. […]