Довербата во судството е на историски ниско ниво, а за нејзино зголемување се потребни радикални промени. Уставниот суд преку поголема транспарентност и отвореност се обидува да ја доближи својата работа до граѓаните, а како едно од решенијата се посочува и воведувањето сеопфатна уставна жалба, со која граѓаните директно би можеле да ги штитат своите права. За довербата во уставното судство се разговара на регионалната конференција во Охрид.