Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) споделија информации за временската прогноза во текот на следните неколку дена. Оттаму информираа дека до сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.