Утрово порталот „Курир“ објави видео на кое можеше да се види како одредена госпоѓа излегува од своето возило „Порше“ и фрла отпад од мост. Според она што може да се забележи на снимката, станува збор за мостот во реката Лепенец, во близина на Канал 5 Телевизија. Инаку точно кај тој мост Лепенец се влева во Вардар.