На улицата „4 Јули“ во Струмица, во зграда на четврти кат, вечера вечер пожарникарите од ТППЕ Струмица учествуваа во една малку поинаква, но за родителите особено вознемирувачка акција, објавија струмичките пожарникари. Имено, откако малолетното девојче неколку часа не одговарало ниту на телефонските повици, ниту на ѕвонењето на вратата, родителите побарале помош од ТППЕ Струмица.