Либерално-демократската партија (ЛДП) бара итно решение за производителите на јаболко, кои се соочуваат со исклучително тешка состојба на терен. Во овој момент на производителите, велат од партијата, им се нуди откупна цена од само 4 денари за килограм индустриско јаболко, плус 2 денари субвенција. Тоа, оценуваат во ЛДП, е далеку под производствената цена, која е околу 10 денари за килограм. …