Левица прашува: 18 млади репрезентативци одат на Светско со самофинансирање, за што служи Министерството за спорт?
Осумнаесет македонски кик-боксери и тројца тренери заминуваат за Лидо ди Јесоло, Италија, каде Македонија ќе настапи на Светското WAKO првенство за деца, кадети и јуниори. Станува збор за најбројната македонска јуниорска кик-бокс репрезентација што досега настапила на официјално Светско првенство. Но, наместо државата да обезбеди услови младите репрезентативци да се концентрираат на спортот, Кикбокс маитаи федерацијата соопшти дека настапот мора да се обезбеди преку самофинансирање, соопшти Левица.