Заменик-министерот за одбрана на Северна Кореја, Ким Канг Ил, денес изјави дека американското вооружување ги оправдува напорите на Пјонгјанг да ги зајакне своите нуклеарни сили. „Континуираното нуклеарно зајакнување на непријателските држави целосно ја оправдува изградбата на цврст нуклеарен штит на Демократска Народна Република Кореја“, рече Ким. Зборувајќи на Шангајскиот форум во Пекинг, еден од најважните меѓународни собири посветени на безбедноста …