Рафаел Надал повторно ќе излезе на тенискиот терен пред публика, речиси две години откако ја заврши професионалната кариера. Легендарниот Шпанец ќе биде дел од специјален егзибициски настан на 3 октомври во Манакор, неговото родно место на Мајорка. Поводот е десетгодишнината од основањето на неговата тениска академија, а прославата ќе биде збогатена со серија егзибициски натпревари. […]