Лабуништа – Основното општинско училиште „Мурат Лабуништи“ доби вредна донација од Хуманитарното здружение „Лабуништа Италија“, со која училиштето обезбеди сопствена аудио опрема неопходна за реализација на различни училишни активности и настани. Аудио опремата е од особено значење за училиштето, имајќи предвид дека во изминатиот период тоа немаше сопствена опрема за озвучување. За организирање на конференциски