Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во земјава. На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашната конструктивна соработка меѓу двете држави, со посебен осврт на партнерството во областа на безбедноста и …