Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес беше на терен, каде одблиску ги проследи инфраструктурните работи што се реализираат во неколку делови од општината. На улицата „Емин Дураку” продолжува реконструкцијата, додека активности се реализираат и на улиците „Дервиш Хима” и „Парашќеви Ќиријази”. На овие улици се врши асфалтирање, уредување на тротоарите со бекатон-плочки, како и уредување на влезовите на станбените објекти. […]