Жива е стрип-културата во Македонија, иако стрип-списанијата ретко се печатат, вели Ване Трајков, кој 23 години успешно менаџира со Стрип центарот на Македонија и исто толку време го организира Меѓународниот стрип-салон. Тоа е единствена манифестација од овој вид на уметност во Македонија. На конкурсот „Златен стрип“ годинава пристигнаа 497 трудови од автори од триесетина земји.