Синоќа во Охрид беше отворена 17-та по ред меѓународна научна конференција за безбедност што ја организира Факултетот за Безбедност. Годинешна тема на настанот е, Безбедност 2030, ера на технологии ,
Врвни експерти, претставници на институциите и научната заедница од земјата и странство денеска и утре во Охрид ќе дебатираат за иднината на безбедноста, сајбер-заканите, хибридните ризици, критичната инфраструктура и дигиталната отпорност на општествата.