Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес изврши увид во почетните градежни активности на првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мост Драчево до ОХИС. Овој значаен инфраструктурен зафат, информираат од општината, се реализира со средства обезбедени преку Унгарскиот кредит (Проекти фаза 2) од Владата на Република Македонија, а се изведува преку договор со Министерството за транспорт. …