Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, утре (петок, 25.09.2026 година) со почеток во 12:00 часот ќе учествува на настанот што се организира на Машинскиот факултет во Скопје во рамки на програмата за одбележување на Европската ноќ на истражувачите 2026. Манифестацијата е поддржана преку престижните акции „Марија Склодовска-Кири“ од европската програма Хоризонт Европа.