Женската ракометна репрезентација на Македонија започна со фуриозна победа на домашниот турнир „Трофеј Македонија“, декласирајќи ја селекцијата на Србија со убедливи 29-21 (17-9) во салата „Билјанини Извори“ во Охрид. Дебито на новиот селектор Игор Марковиќ помина точно онака како што најавуваше црногорскиот стратег, со челична и агресивна одбрана, експресна транзиција и фанатична борбеност од првата […]