Фејсбук групата „За пристоен Капиштец“ сподели дека група малолетници и помлади лица кои секојдневно користеле пиротехнички средства во населбата, синоќа предизвикале пожар во паркот. Како што наведуваат од групата, при пукање петарди било запалено дрво, а постоела опасност огнот да се прошири кон околните објекти.