Едукативна трибина во рамки на кампањата „Розев Октомври“ ќе се одржи денеска во Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „Хема-Онко“. Трибината ќе биде посветена на превенцијата, раното откривање и лекувањето на ракот на грлото на матката, со цел преку стручни совети и лични искуства да се подигне свеста за значењето на редовните гинеколошки прегледи.