Нерешени имотно-правни односи меѓу соседи во Скопје завчера имале крвав расплет. Имено, како што соопштија од МВР, 44-годишен скопјанец со нож повредил тројца негови соседи - маж и жена, како и друга сосетка која се обидела да ги раздели. Истиот ден во 23:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 44-годишниот Ј.Ј. од Скопје.