АТС Грoуп ги отфрла политичките конструкции и обвинувања во кои името на компанијата се користи какоаргумент во меѓупартиски и дневно-политички пресметки. АТС Грoуп е приватна компанија која работи воодбранбената индустрија, со јасно дефинирани деловниинтереси, обврски и одговорности. Компанијата е значаенинвеститор во Македонија, со над 500 вработени и соконтинуирани вложувања во производствени капацитети, современа технологија, опрема и развој на македонскатаодбранбена индустрија. Нашите партнери и клиенти доаѓаат од СоединетитеАмерикански Држави, Европската Унија и земјите одрегионот. Сите активности на компанијата се спроведуваатво согласност со важечките закони и релевантнитемеѓународни правила. АТС Грoуп не е политички субјект. Не учествува во партискипресметки и нема да прифати нејзиното име, инвестиции и деловни активности да бидат користени за дневно-политички цели. Во однос на вчера изнесените наводи, сакаме да бидемецелосно јасни: ангажирањето меѓународни професионалникомпании за правни, комуникациски, стратешки и другиконсултантски услуги е легитимна и вообичаена деловнапрактика за компании со меѓународни амбиции и присуство. Овие активности се реализираат согласно законите и правилата во државите во кои се спроведуваат и се дел одделовната стратегија на АТС Груп за развој и проширувањена нејзиното меѓународно присуство, вклучително и воСоединетите Американски Држави. За активностите за кои постои законска обврска за јавности транспарентност, релевантните информации се достапнипреку официјалните регистри и институционалнитемеханизми во Соединетите Американски Држави. Немаме што да криеме. Но исто така нема да прифатимезаконски и легитимни деловни активности на приватнакомпанија да се претставуваат како активности на Владатаили како активности преземени во име на државата. АТС Груп самостојно ги носи своите деловни одлуки, самостојно ги финансира своите активности и самостојноодговара за своето работење. Подеднакво, нема да дозволиме компанијата да бидевовлекувана во расправи за тоа која политичка партија иликоја влада во минатото дала или не дала поддршка на нејзиното работење. АТС Груп соработувала и ќе продолжи да соработува сонадлежните институции и со своите деловни партнери ворамките на законските процедури и утврдените правила. Фактот дека различни државни функционери низ годинитего препознавале значењето на инвестициите, производството и потенцијалот на македонскатаодбранбена индустрија не треба да биде политичкиаргумент ниту во корист, ниту на штета на која билополитичка партија. Од сите политички субјекти очекуваме институционаленоднос, почитување на фактите и одговорност приизнесувањето информации поврзани со компанијата. АТС Груп работи во стратешки чувствителна индустрија. Затоа особено е важно јавната дебата да се темели на проверени факти, а не на политички конструкции и инсинуации. Доколку постојат прашања за постапувањето на државнитеинституции, тие треба да бидат упатени до надлежнитеинституции. Доколку постојат конкретни прашања за работењето на АТС Груп, компанијата е подготвенатранспарентно да одговори на секое конкретно и фактографски поставено прашање. АТС Груп нема да дозволи нејзиното име да биде средствоза политички пресметки. Ќе продолжиме да го правиме она што го правиме согодини: да инвестираме, да произведуваме, да отвораме и обезбедуваме работни места, да градиме меѓународнипартнерства и да придонесуваме за развојот на македонската одбранбена индустрија. Нашиот фокус останува на работата, резултатите и иднината.